Сосема солидно издание на Вардарци кои се единствените второлигаши на завршницата од кошаркарскиот куп што се игра во Охрид. Поразот од Пелистер воопшто не е демотивирачки за Слободан Петровски тренерот на Вардар.
– Честитки за Пелистер, ние го дадовме својот максимум го направивме она што можевме. Недостатокот на квалитетни натпревари и тенката клупа ги лимитира нашите можности. Момците одиграа коректно и за мене ова беше добар натпревар
Пелистер успеа да се пласира во полуфиналето со што целта на битолскиот лигаш е исполнета.
– Игравме со она што располгаме во моментов нема голема ротација и користиме максимално она што го имаме. во секој случај нашата цел е исполнета. На старот на првенството бевме задоволни со пласман во полуфиналето, објективно ние сме ослабени по првиот дел, додека Работнички е силно засилен и ние растоварени ќе влеземе во тоа полуфинале со желба да се покажеме во што подобро издание – рече Младен Микиќ.