Мила е најчестото женско, а Јаков најчестото машко име кое граѓаните на Македонија го давале на своите новородени деца во текот на оваа 2015 година.

Меѓу најчестити имиња во текто на изминатава година кај новородените женски бебиња се и Лана, Михаела, Сара, Јана, Софија, Дарија, Мелиса, додека кај машките деца најчести имиња кои ги давале се и Стефан, Филип, Дамјан, Даријан, Никола, Јован и Михаил.

Според податоците на Управа за водење матични книги во 2015 година како специфични имиња се јавуваат  Денуција, Срна, Мевлан, Бисера, Фатма.

OhridNews
Извор:„МИА“