Фудбалерите на Милан во претполседната рунда претрпеа пораз од Аталанта 2-1 и ги загубија и теоретските шанси за пласман во Лигата на Европа. По долг период „росонерите“ нема да бидат италијански преставник во фудбалска Европа и ќе имаат можност да се фокусираат само на „калчо лигата“. Милан со седум титули во Лигата на Шампиони е најтрофеен италијанскиот клуб во Европа.
Резултати : Аталанта – Милан 2-1, Болоња – Катанија, Калјари – Верона, Ливорно – Фиорентина, Сампдорија – Наполи, Сасуоло – Џенова, Торино – Парма, Рома – Јувентус.
Мх.П.