Водечкиот во Италијанската Серија А, Милан во наредните три меча поради повреда нема да може да смета на услугите на бразилецот Алексндре Пато.



Пато се повреди на мечот против Сампдорија кој Милан го доби со 3-0, и ќе ги пропушти мечевите против Бреша и Болоња во Серија А, како и полуфиналето од купот против Палермо.

Покрај Пато, суспендиран е Ибрахимовиќ и тоа на три натпревари. Ибра и Пато се најдобрите стрелци во Милан со 14 успешни реализации.

Милан на пет рунди пред крајот има шест бода предност пред Наполи, односно осум пред Интер.

Ohridnews