Од вторник до четврток, во Серија А, ќе се одиграат натпреварите од 32. коло. Јувентус, по саботната победа во Палермо се врати на лидерската позиција во лигата, против Лацио ќе го одигра дербито на колото.
Лацио не игра добро во последно време, римјаните имаат две победи и три порази на последните пет натпревари, но и покрај тоа по победата над Наполи се издвоија на третото место на табелата.
Јувентус, во дербито ќе се обиде да ја продолжи победничката серија, „старата дама“ во досегашниот дел од сезоната нема пораз.
Актуелниот првак Милан, во вторник навечер, ќе го одигра првиот натпревар од оваа рунда. „Росонерите“ по шокантниот пораз, во саботата, на домашен терен од Фиорентина, немаат право на кикс во Верона, каде ќе му гостуваат на Киево.
Второто дерби во 32. коло ќе се одигра на „Олимпико“ во Рим, Рома ќе го пречека Удинезе, кој не се откажал од шансите за пласман во Лигата на шампиони. Рома, во саботата беше прегазена во Лече, додека Удинезе против Парма ја прекина серијата од четири натпревари без победа.
Вторник, 10. април: Киево-Милан
Среда, 11. април:Наполи-Аталанта, Џенова-Чезена, Јувентус-Лацио, Катанија-Лече, Парма-Новара, Фиорентина-Палермо, Интер-Сиена, Рома-Удинезе.
Четврток, 12.април: Болоња-Каљари
Табела: Јувентус 65, Милан 64, Лацио 54, Удинезе 51, Наполи 48, Рома 47…
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com