Американската компанија „RedBird“ за 1.3 милијарди евра го откупи од групацијата „Elliott“ мнозинскиот пакет акции на новиот италијански фудбалски првак Милан, јавија денеска локалните медиуми.
Американски „Elliott“ беше сопственик на Милан од 2018 година.

Договорот во име на „RedBird“ го потпишал основачот и прв човек на компанијата Гери Кардинале, а официјално треба да биде објавен во следните 24 часа.
Според медиумите, групацијата „Elliott“ задржала 30 отсто од акциите во Милан










