Италијанскиот калчолигаш Милан ја прифатил понудата од ПСЖ вредна 62 милиони евра за двоецот Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва.

Двајцата имаат долгорочни договори со клубот (Силва до 2017, Ибра до 2015) но се чини дека клубот кој подолго време се наоѓа во финасиски потешкотии ќе ја прифати понудата, се чека само на договор на личните услови на двајцата фудбалери.

До колку дојде до трансфер на Ибрахимовиќ тој ќе биде најскапиот фудбалер со оглед на висината на обештетувањето кое го платиле клубовите при неговиот трансфер, а изнесува 190 милиони евра. Пред Милан, шведскиот центарфот играше за Ајакс, Јувентус, Интер и Барселона.

На тимот кој го предводат поранешните “росонери“ Анчелоти и Леонардо прво засилување им беше Лавеци од Наполи.

ohridnews