Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, изјави дека до крајот на зимскиот преоден рок, ќе ја чека одлуката на Карлос Тевез, околу неговата преселба во редовите на актуелниот италијански шампион.

Милан пред десет дена ги започна преговорите со Манчестер Сити околу доаѓањето на Тевез, но „росо-нерите“ најпрвин сакаат да го позајмат напаѓачот, додека „граѓаните“ имаат желба веднаш да го продадат.
„Му ветивме на Тевез дека ќе го чекаме до 31. јануари. Ова се тешки времиња, сите се во финансиска криза, но ние ќе направиме сè за да ги направиме среќни нашите навивачи“, изјави Галијани за италијанските медиуми.
Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Бразилецот Леонардо, ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го донесе во екипата својот сонародник, Рикардо Кака.


Кака, во Реал се пресели од редовите на Милан, во 2009 година, за сума од 67,2 милиони евра, но не ги оправда средствата кои се вложени во него. Кака има договор со Реал кој истекува во 2015 година.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, посакува, на новиот тренер Карло Анчелоти, за кого француските медиуми пишуваат дека е пред портите на екипата од „Паркот на принцовите“, во јануарскиот преоден рок на располагање да му го стави Кака.
“Макфакс“
Ohridnews