Екипата на Милан после ремито без голови со Торино на домашен терен во Серија А го разреши Виченцо Монтела од тренерската позиција и го назначи легедарниот фудбалер, Џенаро Гатузо за негов наследник.

Монтела, пред почетокот на сезоната доби се што посака, но во текот не ги исполна очекувањата на резултатски план и разделбата е сосема очекувана.

„Росонерите“ во Лигата на Европа добро котираат, но во Серија А заостануваат дури 18 бодови од лидерот Наполи и 11 поени од Рома која се наоѓа на четвртата позиција.

Гатузо во Милан доаѓа од младинскиот погон, а дали ќе биде привремено решение или пак трајно ќе покажат времето и резултатите.

OhridNews