Водечките тимови во италијанската Серија А, Милан и Јувентус паузата во првенстовото ќе ја искористат за да се озвежат и подготовени да влезат во трката за скудетото.

И Милан и Јувентус ќе заминат во Дубаи, каде ќе се подготвуваат се до 5 јануари кога се враќаат во Италија. Милан за време на подготовките ќе одигра пријателска средба со Пари Сен Жен, додека Јувентус ќе спарингува со Ал Хилал.

Серија А продолжува на 8 јануари, Милан му гостува на Аталанта, додека Јувентус гостува кај Лече.

Ohridnews