Во последниот натпревар од 16-та рунда во Серија А, Милан и Рома на „Сан Сиро“ ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.

„Волчицата“ во два наврати со головите на Дестро и Стротман имаше предност, но „росонерите“ со погодоците на Запата и Мунтари успеаја да освојат бод.

По ремито фудбалерите на Рома останаа на втората позиција со пет бода помалку од лидерот Јувентус додека Милан со 19 бодови сеа наоѓа на 12-та позиција.

Мх.П.