Милан Китевски од Пливачкиот клуб „Акваспирит“ освои второ место на пливачкиот митинг од меѓународен карактер „Орион куп 2025″ што се одржа во Скопје.

Китевски во апсолутна категорија во дисциплината 50 метри градно го освои второто место со резултат 32.22 сек, информираат од клубот.

Пливачкиот митинг „Орион куп 2025″ во организација на пливачкиот клуб ПВК Орион- Скопје се одржа по јубилеен десети пат.

OhridNews