Повремениот македонски репрезентативец, Милан Левов во аут ќе биде до крајот на сезоната, откако дисциплинската комисија во Ракометна федерација на Македонија му изрече осум месечна суспензија.


Левов, на мечот меѓу Радовиш и Работник физички го нападна гостинскиот ракометар Адли Ашраф кој претходно ни малку нежно стартуваше над леворакиот ракометар.


Дисциплинската комисија исто така донесе одлука и за мешаницата која се случи на крајот од мечот меѓу Вардар Јуниор и Борец.

Ракометарите на Вардар Јуниор, Божидар Симиќ и Иван Ангелов се казнет со пет односно два натпревари, а играчите од Борец, Кристијан Давиткоски и Илија Крстевски со три односно два мечеви.


Вардар Јуниори за инцидентот парично е казнет со 50 000 денари.

OhridNews