Сезоната во Серија А заврши, Милан по пауза од седум години го освои Скудетото. Минатогодишниот првак Интер се пласираше на второто место, изненадувањето на сезоната Наполи се најде на третата позиција и обезбеди директен пласман во Лигата на Шампиони. Удинезе кој е на четвртото место  преку квалификациите ќе игра во Лигата на Шампиони.


Градските ривали Лацио и Рома ќе ја преставуваат Италија во Лигата на Европа а кругот го затвора Палермо кој преку “копа Италија“ обезбеди место за Лигата на Европа.


Сампдорија, Бреша и Бари се селат во Серија Б додека Аталанта и Сиена експресно се враќаат во елитното друштво.

Мх.П.