Милан сака да го продолжи договорот со Ернандез до 2026 година
28.12.21 08:41
Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Николо Шира.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, раководството на клубот од Милано е подготвено да му понуди на 24-годишниот Французин договор до летото 2026 година со годишна плата од 4,5 милиони евра.
Сегашниот договор, кој е со важност до 2024 година, на фудбалерот му обезбедува 1,5 милиони евра годишно.
Оваа сезона Ернандез одигра 20 натпревари за Милан на кои постигна два гола и пет асистенции.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...