Милан со головите на Марио Балотели од пенал во 85-та минута и Филип Мексес во 87-та минута ја совлада Сиена и го зачува третото место во “калчо лигата“ кое води во клафикациите од Лигата на Шампиони.


Единствен конкурент на “росонерите“ за третата позиција им беше Фиорентина, која со 5-1 триумфираше против Пескара.

Во последната рунда за одбележување е “петардата“ на Удинезе во мрежата на Интер и победата на Рома против Наполи.

Покрај Милан, Серија А во Лигата на Шампиони ќе ја преставуваат шампионот Јувентус и вицепрвакот Наполи. Во второто натпреварување по ранг во Европа ќе играат Удинезе, Фиорентина и победникот од дуелот меѓу Рома и Лацио во финалето од “Копа ди Италија“.


Од лигата испаднаа Палермо, Сиена и Пескара додека нови членови се Сасуоло и Верона додека третиот патник ќе се дознае по бараж натпреварите.

Мх.П.