Дваесет и петтото коло викендов ќе биде на програмата во италијанската Серија А. Лидерот на табелата, Милан во оваа рунда во Верона ќе му гостува на Киево.


Наполи, второпласирана екипа на табелата, со минус од три бода во однос на Милан, на домашен терен ќе ја пречека Катанија. Интер по победата во заостанатиот натпревар над Фиорентина, се искачи на третата позиција. Актуелниот првак во 25-то коло на „Сан Сиро“ ќе го пречека Каљари.

Двојки:Болоња-Палермо, Интер-Каљари.

Недела, 20 февуари

Лече-Јувентус, Киево-Милан, Фиорентина-Сампдорија, Џенова-Рома, Лацио-Бари, Парма-Чезена, Удинезе-Бреша и Наполи-Катанија.