Поразот на пенали од Челси во финалето од Лигата на Шампиони, фудбалерите на Баерн Минхен го примија тешко. Стрелецот на голот за “баварците“ Томас Милер, скршен од тага собра сили да каже “два три збора“ за германската телевизија.


– Таков е фудбалот. Ова не се случува прв пат, екипата која игра подобар фудбал да остане без трофеј – краток беше Милер.

Нешто по “прибран“ беше тренерот на Баерн Минхен, Хуп Хејнкенс кој истакна дека грешката за изгубената титула е во неговата екипа.

Пропуштивме многу прилики. Одигравме добар натпревар, со голем посед на топката. Не успеавме да го искористиме она што ни го поклона Челси, а потоа ни вратија дупло – заврши Хејнкенс.

Тренерот на “баварците“ не влезе во историјата како тренер кој освоил трофеј во Лигата на Шампионите со различна екипата. Во 1998 година Хејнкенс беше на клупата од Реал Мадрид, која “кралевите“ во финалето го совладаа Јувентус со 1-0.

Мх.П.