– Лионел Меси има само една мана, а тоа што не игра за Баерн Минхен – вака коментираше Герд Милер за рекордот на Меси, за бројот на постигнати голови во една календарска година. – Мојот рекорд е поставен пред 40 години кога постигнав 85 голови во 60 натпревари, сега после толку време најдобриот фудбалер на светот го сруши и јас сум горд на него – потенцираше Германецот


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Западна Германија не штедеше пофални зборови за новиот сопственик на рекордот Меси –  Тој е вистински модел за фудбалески професионалец. Се надевам дека неговиот рекорд ќе го урнат после 40 години и долго, долго ќе се зборува за овој фудбалер – заврши Милер.

После победата над Бетис и рушењето на рекордот фудбалерите на Барселона не го криеа задоволстовото и сите заедно му честитатаа на аргентинското чудо од дете.

Мх.П.