Селекторот на У21 репрезентацијата, Благоја Милевски ги пренесе своите впечатоци за противниците кои Македонија ги доби во Б групата на Европското првенство.
Македонија во дебитанскиот настап на големите собири силите ќе ги одмери со Шпанија, Србија и Португалија. Европското првенство во Полска започнува на 16 јуни следната година.
– За противници добивме селекции кои се на врвот во младинскиот фудбал, впрочем сите репрезентации овде се квалитетни. Европското првенство во Полска за нас ќе биде вистинска шанса за докажување. Нашата селекција заедно со полската беше најспоменува меѓу репрезентациите, што ни кажува дека секој сериозно смета на нас. Ќе се бориме на секој меч за позитивен резултат, како што беше во квалификациите и ќе се обидиме уште еднаш да ја израдуваме Македонија. – истакна селекторот.
„Црвено жолтите“ континенталниот собир ќе го отворат против Шпанија, а потоа следуваат мечевите со Србија и Португалија.
OhridNews