Репрезентацијата на Македонија по два пресврти и возбудувања ремизираше (2-2) со Србија и го освои првиот бод во групата на Европското првенство во Полска.

„Црвено жолтите“ одиграа две различни полувремиња. Во првото анемично и безопасно, додека во вториот дел заиграа доста по сигурно и напаѓачки што резултираше со два голови во мрежата на Србија.

– Мислам дека сите уживаа во натпреварот, како и против Шпанија. Двете селекции имаа по едно полувреме. Тие беа подобри во првото, а ние во второто полувреме. Иако имаме за што да жалиме, резутлатот е реален. Честитки за фудбалерите за одиграното и вечерва. Секако дека има простор за напредок. 90% од нашите фудбалери играат во македонската лига, каде темпото е послабо од ова ниво. Се обидовме да компензираме и во голем дел мислам дека успеавме. Во првиот дел потфрлија сите фудбалери, не само фудбалерите за врска, туку целиот тим. Можеби и моја грешка е што се одлучив за старниот тим. Шансите за пласман во полуфиналето ни се минимални. Давид одигра одлично против Шпанија и денес го заменив заради физички фактор. Шанса против Португалија ќе добијат фудбалери кои ќе играат во следниот циклус. Тие се кадарни да бидат конкурентни и во следните квалификации. – изјави Милевски после мечот со Србија, пренесува „Гол.мк“.

Македонските репрезентавци во последната рунда од групната фаза ќе се сретнат со Португалија која во првата рунда ја совлада Србија со 2-0.

OhridNews