Челниците на Борусија Дортмунд, не седат со скрстени раце и принудната пауза во фудбалот ја искористија да договорат засилување за следната сезона. Нов член на „милионерите“ ќе биде Томас Муние.

Белгискиот репрезентативец во редовите на германскиот гигант ќе се пресели од ПСЖ во трансфер вреден околу 30 милиони евра. Десниот бек со Борусија Дортмунд ќе потпише четиригодишен договор.

Муние посакуваше да остане во ПСЖ. Но не успеа да најде заеднички јазик со клупската управа. Репрезентативецот на Белгија, „светците“ ги засили од Клуб Бриж во јули месец, 2016 година. До сега, Муние запишал 40 настапи и постигнал седум голови.

OhridNews