Најуспешниот македонски евро преставник Работнички ќе има ретка прилика да го угости третиот најтрофеен европски клуб Ливерпул.  Црвените од Енфлид имаа ужасно слаба сезона и наместо во Лигата на Шампиони, годинава ќе играат во европската лига. Ждребката сакаше токму нашиот преставник да го добие џек – потот во името на Ливерпул.


Гостувањето на Ливерпул е најголемиот меч што досега се одиграл во земјава, затоа што никој пат еден ваков клуб, со толку трофеи и славна историја досега не гостувал во Македонија.

По елиминацијата на Мика,  Работнички ќе инкасира 210.000 евра, или по 70.000 евра за секое коло, и ако се додаде дека ќе има пристојна заработувачка од билети, основниот приход би бил веќе две третини од буџетот за сезоната.

Најголемиот дел од средствата “романтичарите“ очекуваат да легнат од ТВ-правата (околу 600.000 евра) за гигант како Ливерпул во Европа. Сé на сé, еден милион евра би можеле да заработат „романтичарите“, без притоа да се вкалкулира и фактот што играчкиот погон ќе има долгорочен ќар и ќе им се зголеми цената со оваа евросезона.


Колку илјади љубители на фудбалот ќе може да ги видат англиските и светските  фудаблски ѕвезди во голема мера ќе зависи од финиширањето на градежните работи на јужната трибина на „Филип Втори“ . Таа треба да биде готова до 2 август, а прашање е дали во трката со времето таа ќе биде подготвена за “црвените“ на 29 јули кога е закажан мечот на деценијата.
 

М.П.