Српските медиуми откриваат дека неколку албански мултимилијаредери со мито од 17 милиони евра се обидувале да го внесат Косово во светската куќа на фудбалот (ФИФА).

Ако ваквите информации кои кружат во српските медиуми бидат точни и се потврдат, тоа ќе биде голем удар за ФИФА.

Од светската куќа на фудбалот им обеќале на Косово дека најкасно до 2018 година ќе стане рамноправна членка на ФИФА пред мундијалот во Русија.

Мх.П.