Напаѓачот на Интер, Диего Милито, го доби антипризнанието „златна канта“ за најлош фудбалер во италијанската фудбалската Серија А за 2011 година.

Аргентинецот, триумфираше пред Амаури од Парма и Милош Красиќ од Јувентус. Бразилецот Адријано од Рома ја доби ланската титула, а пред него најлош беше Рикардо Кварезма од Интер.