Значаен триумф за македонската кошаркаска репрезентација над Австрија со 41-39 кој беше извојуван во еден инфаркт меч. Девојките имаа предност во најголемиот дел од мечот кој во финишот се стопи, ладните глави и смиреноста од линијата за слободни фрлања ни ја донесе победата.

–    Девојките се бореа максимално, не одигравме добро во нападот, но одличната одбрана ни го донесе посакуваниот резултат. Нападот не победува натпревари, туку цврстата одбрана, токму таква ние одигравме вечерва. Исто така сакам да потенцирам дека играме со повредени кошаркарки (Митрашиновиќ и Димовска) кои сепак го оставија срцето на терен и забележавме значајна победа која ни го обездува првото место во групата и релативно полесен противник во полуфиналето. Цел е да влеземе во финалето, а таму се е можно – вели селекторот Милкова.

Селекторот на австрската селекција вели дека не е се загубено и дека посакува реванш меч против Македонија во финалето.

– Одигравме добро во одбраната но промашивеме доста отворени удари.Немавме среќа во финишот но ништо не е загубено. Посакувам во финалето повторно да се сретнеме со Македонија и да се обидеме да им се реваншираме – истакна Мајк Крес.