Мило Ѓукановиќ, кандидат на Демократската социјалистичка партија, прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора, што се одржаа вчера.

Тој истакна дека изборниот резултат е потврда за волјата на гласачите и решителноста на Црна Гора да продолжи по патот на европските интеграции и вредности.

Според првичните информации, Ѓукановиќ ја добил довербата од 53,8 проценти од граѓаните, кандидатот на опозцијата Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите, a кандидатката на СДП Драгиња Вуксановиќ 8,3 проценти.

OhridNews