„Црвено црните“ рутински ја одработија својата задача во финалето од 1/4 финалната група во Купот на Македонија победувајќи ја Струга со 29-24. После пласманот на Ф4 во Купот, „вардарци“ комплетно ќе се насочат кон ривалот во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, Пик Сегед. Првиот меч се игра в четврток во Скопје, а голманот Дејан Милосављев најави дека тој и екипата максимално се подготвени за борба до последен здив и покрај проблемите после најавеното повлекување на Сергеј Самсоненко од функцијата во клубот.

  • Ќе дадеме се од себе да победиме во Скопје, да славиме на гостински терен и да се пласираме на Ф4, бидејќи само така ќе им се оддолжиме на сите за поддршката. Ние веруваме во Самсоненко, затоа што тој се бореше за клубот и за нас играчите. Него лично вечно ќе му бидеме сите благодарни и потполно го разбираме, бидејќи сите сме свесни каква е ситуацијата. Моментално, воопшто не размислувам за мојата иднина. Целосно сум фокусиран на нашиот следен предизвик. Пружив многу добри партии во Вардар и мислам дека нема да имам проблем да најдам клуб на нивото од Вардар. – рече голманот, Милосављев.

23-годишниот чувар на мрежата во Вардар се пресели од Партизан и со добрите претстави на голот направи да не се почуствува заминувањето на Арпад Штербик.

OhridNews