Репрезентативецот на Србија, Милош Теодосиќ е четвртиот кошаркар кој Евролигата го вклучи во тимот на деценијата (2010-2020). Во гласањето учествуваат љубителите на кошарката, новинари, тренери и стручњаци од Евролигата.

Теодосиќ последната декада ја одбележа играјќи шест сезони во ЦСКА Москва. 33-годишниот кошаркар со рускиот состав шест пат играше на завршниот турнир, а само еднаш го освои трофејот во Евролигата. Теодосиќ е втор кошаркар кој успеал да постигне над 2 500 поени и да додаде успешно над 1 00 пати до своите соиграчи.

Во тимот на деценијата претходно место обезбедија Лука Дончиќ (Реал Мадрид), Хуан Карлос Наваро (Барселона) и Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос).

OhridNews