На листата се и тројца кандидати на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Најдобро котира Александар Николоски кој е четврти на листата. Извори од Општинскиот комитет синоќа најпрвин информираа дека на листата е Цветко Грозданов, но наместо тој, неофицијално, на неа се најде д-р Хари Шокарески, вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. На кандидатската листа, но овој пат во вторите десет се најде уште еден истакнат член на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Анита Кипаризоска Крстеска.
Рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници до ДИК заврши ноќеска на полноќ.
Актуелниот претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов не се најде на листата. Партијата претходно соопшти дека тој ќе го предводи Општинскиот изборен штаб.
Се очекува охридската ВМРО ДПМНЕ да излезе со официјална информација околу кандидатската листа за пратеници во 5-та Битолско-охридска изборна единица.