Македонија е под притисок во однос на прашањето за името, изјави македонскиот Министер за надворешни работи, Антонио Милошоски кој денес беше во Охрид. Тој смета дека од Македонската страна се очекува со прагматичност да ја плати непрагматичноста на Грција и нејзиното агресивно однесување во изминатите 15-тина години.

-Грција од една страна ја злоупотребува својата позиција како членка и ја попречува одлуката која ја заслужуваме и која е препорачана од Европската комисија- почетокот на преговорите за членство во ЕУ-рече Милошоски. Тој  истакна дека и во однос на билатералниот грчко- македонски дијалог,  во кој од македонска  страна постои желба да се стигне до заедничко решение и прифатлив компромис, Грција се обидува да диктира и наметне свој став, наместо да остави простор и флексибилност за заедничко решение.


Македонија е под притисок за името – Милошоски

-Во оваа ситуација, не можам да прогнозирам што ќе се случи. Во секој случај, ова прашање ќе продолжи да биде актуелно како и до сега и ние ќе се обидеме да го дадеме својот максимум и да извлечеме што е можно поповолни резултати и позиции на РМ, што е во интерес на нашите граѓани-рече  Милошоски.

OhridNews