Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милооски, денеска на прес конференција во седиштето на партијата, објави нов аудио материјал, кој, како што рече, му бил доставен од анонимен укажувач.

Од самиот материјал може да се чуе дека Заев цело време бил во тесна врска и блиско соработувал со Катица Јанева, којашто е очигледно дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно, изјави пред медиумите Милошоски.

Реагираа СДСМ и нејзиниот претседател Заев, кои ја обвинија ВМРО ДПМНЕ за пласирање лаги и конструкции.

Претседателот Заев во објавените тонски снимки ја коментира одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство, велат од СДСМ. Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство, додаваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. – одговори на новинарско прашање пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.

OhridNews