Тетовска Шкендија со минимална негатива и постигнат погодок (2-1) се враќа од гостувањето во Литванија кај тимот на Тракаи во првата рунда од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.
„Црвено црните“ во текот на мечот два пати имаа негатива, но само еднаш успеаја да ја анулираат. Фудбалерите на Шкендија и покрај поразот заслужуваат честитки, бидејќи од 57-та минута играа со играч помалку, а од 62-та минута со двајца фудбалери помалку. Исклучени беа Жуниор и Цуцули.
Екипата на Црвена Ѕвезда забележа значајна и капитална победа на домашен терен против Спарта Прага совладувајќи ја со 2-0. „Црвено белите“ на реваншот за недела дена ќе имаат задача да ја задржат предноста стекната од првиот натпревар.
OhridNews