Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15.02.2026), во Македонија се пријавени 1.150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претходната недела.

Заболените лица се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 585, Прилеп – 84, Тетово – 69, Струмица – 67 Охрид – 44, Штип – 42, Битола – 32, Дебар – 32, Гевгелија – 30, а во Кавадарци, Струга, Куманово, Радовиш, Велес, Кичево, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30. Во Ресен, Виница, Делчево и Пехчево нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица се на возраст од 15-64 години, 229 се деца на возраст од 5 14 години, 157 – деца на возраст од 0-4 години, а 143 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во четири ЦЈЗ/ПЕ се бележи средна активност, сезонска активност се регистрира во 15 ЦЈЗ/ПЕ, додека во осум единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во Охрид е регистрирана сезонска активност.

OhridNews

извор. ИЈЗ