Една мечка е усмртена на автопатот Скопје-Тетово, кога вчеравечер во неа удриле две возила, информираат од СВР Тетово. Во сообраќајната несреќа полесно се повредени две лица. Несреќата се случила околу 23.30 часот во близина на клучката за селото Групчин, кога во животното кое се нашло на коловозот најнапред налетал мини¬бус „Ивеко“ со германски регистерски ознаки, а потоа и патничко моторно возило „сеат-леон“, кое го управувало 35-годишно лице од Скопје.

Мечката била усмртена на самото место, а две лица кои биле во „сеатот“ се полесно повредени.

По пријавувањето, на местото бил направен увид, а животното во текот на денот ќе биде предадено на одговорните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

OhridNews
извор Макфакс