Прилепскиот второлигаш 11 Октомври претрпе минимален пораз 1-0 од српскиот клуб БСК Борча. Стрелец на победничкиот погодок за “белите“ беше Живковиќ на стартот од вториот дел.

Прилепчани одиграа добар солиден натпревар не искористија неколку добри прилики за погодок, а гостите од Србија тоа го казнија преку фудбалерот за врска Живковиќ, кој најдобро се снајде во мешаницата.

За “црвените“ мечот со Борча беше последен во Охрид и десетдневните подготовките се враќаат во Прилеп.

Мх.П.