По поразот од Напредок екипата на Дрита го претрпе вториот пораз во пoдготвителниот период. Подобри од избраниците на Ане Андоновски беа фудбалерите на БСК Борча од Србија со минимални 1-0.


Андоновски се реши мечот со Борча да го започне со изменет состав од оној со Напредок. Тоа вроди со плод, играта беше потечна, но резултатот изостана. Гостите од Србија победничкиот погодок го постигнаа во првиот дел преку Срѓан Муљчан.



–    Има голем напредок во играта за разлика од мечот со кичевачни каде тотално потфрливме. Имаме уште простор за поправка, посебно во одбраната каде лесно примаме голови –
потенцираше тренерот на Дрита, Андоновски.

Мх.П.