На последниот контролен натпревар пред мундијалот селекцијата на Македонија претрпе минимален пораз од европскиот вицепрвак Србија 26-25.


Најпрецизен во македонскиот состав со 11 голови беше Кирил Лазаров додека во српската селекција најефикасен беше Никшевиќ со пет голови.


После контролните натпревари со Египет и Србија на ред е селекторот на македонската репрезентацијата Ѕвонко Шундовски да го соопшти списокот на 16 ракометари кои ќе патуваат на мундијалот во Шпанија.

Премиерата македонската фаланга ќе ја има на 12 јануари во 15:45 против селекцијата на Чиле.

Мх.П.