Македонската ракометна репрезентација претрпе минимален пораз (30-29) на гостувањето во Рејкјавик од селекцијата на Исланд во четвртата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска.
„Црвено жолтите“ добро го отворија натпреварот и го контолираа резултатот до 20-та минута. Исланд најде начин да ја анулира предноста од три погодоци и на одмор да замине со минимално водство (14-13). Во вториот дел долго време се играше гол за гол, а домаќините дури во финишот се одлепија на три погодоци кои им донесоа победа.
Македонија во двомечот со Исланд извлече подобар меѓусебен скор, бидејќи на првиот меч победи со пет разлика, а изгуби со еден.
Одлучувачки за пласман на ЕП ќе бидат преостанатите натпревари со Украина во гости и со Чешка на домашен терен.
OhridNews