Охридските ракометари на последниот натпревар пред своите гледачи од есенската полусезона претрпеа минимален пораз од Тинекс Пролет (10-12) 17-18.

Гостите се разбудија и со одлична игра во нападот и одбрана направија серија од 5-0 која ги одведе на 6-4. Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски неколку пати стигнуваа до егал, но, никако немаа сила да да го преземат водството.

На стартот од вторите триесет минути охриѓани веднаш ја анулираа предноста на гостинските ракометари и го презедоа водствот, но повторно неможеа да го направат оној победнички чекор.

Тогаш гостите го презедоа водството и го чуваа до крајот на дуелот кога одличниот голман Цветкоски го запре ударот на Андоновски и донесе победа за гостинскиот состав.
Охрид : Костески 12 одбрани, Пецаков, Китевски, Томовски, Андоновски, Б. Белевски, Мирков, Николовски, Трифуноски 3, Тасески, Поп-Стефанија, Китевски, Соколов 7, Крстески, В. Белевски 3, Димитриоски 5.
Тинекс Пролет : Кристо 1 одбрана, Цветкоски 18 одбрани, Ристевски, Георгиевски 3, Димоски, Петрушевски 1, Мајнов 1, Апостоловски, Ролевски 2, Јованоски, Петковски, Андоновски, Спасоски, Стефанов 4, Стојаноски, Андовски 7.
Мх.П.










