Охридските бели на домашен терен го претрпеа вториот пораз, петти сезонава. Со три бода од Охрид си замина екипата на Еуромилк која триумфираше минимално 1-0.  Стрелец на победничкиот погодок за “сините“ беше Стојаноски во првиот дел.

Охриѓани во почетокот на мечот ги имаа конците во своите раце, имаа теренска иницијатива но без  прилики кон голот на Маџаровски. Во една таква игра гостите поведоа со 1-0, а стрелец на голот беше Стојановски во 13-та минута по еден брз контра напад. 


 

До крајот на првиот дел “рибарите“ имаа колосална шанса за изедначување, но Маџаровски спаси сигурен погодок откако пожртвувано се фрли во шутот на Бакулески.

Летаргичниот почеток во вториот дел повеќе им одговараше на гостите кои по постигнувањето на водечкиот гол ориентирани беа на зачувување на предноста. Нападите на охриѓани завршуваа некаде на половината од “млекарите“.

Прв да ја запечати победа за гостите ја имаше Грујовски но премногу мислеше и биеше по средината на голот. Најубавата шанса за гостите во вториот дел му припадна на Колеќевски кој шутираше прецизно но пречката и стативата беа сојузници на охриѓани.

Непишанато правило кога не ќе се искористат шансите следи казна ќе ги стигнеше гостите на истекот на последната минута од мечот, ако корпулетниот Шаќири биеше прецизно со глава од само пет метри од голот на Маџаровски.

Во наредната седма рунда Охрид 2004 гостува во Прилеп кај 11 Октомври додека “млекарите“ на домашен терен го пречекуваат Гостивар.

Мх.П.