Охридскиот прволигаш претрпе минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај актуелниот првак во Македонија, Шкендија. “Рибарите“ влегоа во серија од три порази без да постигнат гол во противничката мрежа.

Стрелец на решавачкиот погодок на мечот беше Селмани во шестата минута од натпреварот. Со овој триумф “црвено црните“ стигнаа до третиот сезонава над Охрид.

Во втората рунда од третиот круг во првата македонска фудбалска лига охриѓани на домашен терен го пречекуваат Металург.

Мх.П.