Фудбалерите на Охрид 2004 со минимален пораз 2-1 од Победа Јуниор го започнаа пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска фудбалска лига.


Прилепчани со еден погодок во двете полувремиња обезбедија предност од 2-0 додека почесниот гол за охриѓани го постигна Бакулески по асистенција на Китрозоски.

Одново за охридските “бели“ гостинскиот терен преставува најголем проблем откако го претрпеа седмиот пораз сезонава надвор од “Атина Бојаџи“.

Во наредната 17 рунда “рибарите“ на домашен терен го пречекуваат Тиквеш.

Мх.П.