Екипата на Тетекс минимално со 1-0 го совлада Пелистер на тест средбата одиграна во Охрид. Моментот на одлука се случи во вториот дел кога Салиу ја затресе мрежата на битолчани. За штофарите ова беше трет меч на подготовките во Охрид. Претходно го победија албанскиот Лачи, а загубија од Гостивар.