Со погодокот на Жервињо во 79-та минута тимот на Рома со минимални 1-0 го совлада Јувентус и се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Италија.
Со триумфот над „Старата Дама“ и пласманот во 1/2 финалето продолжува ренасансата на „волчицата“ сезонава која бележи одлични резултати и во Серија А.
Во останатите полуфинални натпревари ќе се сретнат Милан – Удинезе, Фиорентина – Сиена, Наполи – Лацио.
Мх.П.