Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески со минимални 1-0 го совладаа составот на Јавор од Ивањица. Стрелец на победничкиот погодок беше бугарскиот интернационалец Воденичаров од пенал во 44-та минута.

Натпреварот помеѓу Ренова и Борац од Чачак, кој требаше да биде пријателски не го дочека крајот поради општа тепачка на двете екипи.
Прекинот се случи во 22-та минута при резултат 1-0 за „гостите“, кога стоперот на Борац со тупаници го нападна напаѓачот на Ренова, по кратко време на теренот в трчаа двете екипи и настана хаос.
По смирување на страстите двајцата тренери одлучија да не се одигра мечот иако двете екипи се наоѓаат во ист хотел покрај Охридското крајбрежје.
Мх.П.










