Владата на денешната 160-та редовна седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во државата. Со измените се создаваат услови за корекција на минималната плата за 16 отсто, односно од 12.507 денари на 14.500 денари во нето износ со исплатата на платата за декември 2019 година, што претставува зголемување за речиси 60 отсто во однос на минималната плата пред првата корекција во 2017 година, информира Владата.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за динамиката на реализација и плаќање на обврските за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид, и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да предвиди затворениот пливачки базен да биде изграден заклучно со 31.12.2020 година.

OhridNews