Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе присуствува на годишното Собрание на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат што се одржува во одморалиштето на МВР во Охрид. Предвидено е министерката Јанкулоска да се обрати на Собранието.

По учеството на Собранието, министерката ќе ја посети Езерската полиција во Охрид, каде ќе присуствува на уништување на запленети рибарски мрежи, што ќе се изврши во кругот на Езерската полиција.

OhridNews