Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, викендов престојува во работна посета на Охрид.

Таа синоќа присуствуваше на отварањето на Фестивалот на француски филм, кој по петти пат се одржува во Охрид.

Во рамките на посетата, министерот Канческа–Милевска, денеска  ќе ја посети куќата на Бојаџиеви, чија санација и конзервација финансиски е поддржана од страна на Министерството за култура како поединечно заштитен објекти од староградската архитектура во Охрид.

OhridNews