
Чавков, кој е беше во посета на граничниот премин Табановце каде што со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот подели флаери за безбедно учество во сообраќајот во Македонија за странските туристи, потенцираше дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и се надева дека во најбрз временски рок ќе има други показатели и информации кои ќе се користат во понатамошниот тек на истрагата.
Инаку, во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрово во 04.29 часот се случила експлозија, потврди кумановската полиција.
OhridNews
Извор:„МИА“











